Подобра од нашата селекција беше репрезентацијата на Република Ирска која славеше со 2:1. Стрелци на головите за домаќинот беа Мекгиди и Кин, додека единствениот погодок за Македонија го постигна Тричковски.
Тричковски погоди само еднаш
И покрај трите замени Македонија падна во играта во финишот на натпреварот, кој Ирците со смирена игра го доведоа до крај.
Република Ирска со оваа победа изби на чело на табелата во „Б“ квалификациската група со 10 бода, колку што има и Русија, која ремизираше на гости со Ерменија 0:0 и Словачка која ја минимално ја совлада Андора на гости со 1:0. Ерменија е четврта со 8 бода, а Македонија по овој пораз е претпоследна со 4 освоени бода. На дното на табелата е Андора без бодови.
Неуспехот во Даблин веројатно ја оддалечува нашата најдобра репрезентација од борбата за местата кои водат на Европското првенство, што пред почетокот на овие квалификации беше цел која ја зацрта селекторот Мирсад Јонуз.