Новајлијата во третолигашкото друштво, Воска со пораз на „Грашница“ стадионот од Караорман 3-1 ги започна подготвителните натпревари.

Домаќините пружија солиден отпор, но сепак немаа одговор за разиграните стружани. Со еден гол во првото полувреме гостите ја најавија победата, а ја обезбедија со два голови во вториот дел.

 

Составот на Воска во кој има само млади фудбалери има уште три недели да се подготви што подобро и да се престави во право светло во Третата лига. 

Новата сезона во третолигашката конкуренција југо-запад започнува на 27 август. 

Мх.П.