Во првото коло од Суперлигата, Работнички беше поразен од Торус, МЗТ Скопје од АБА Струмица, додека во Сара шампионот Фени Индустри се намачи за триумфот над Лирија.
По продолжение од пет минути, екипата на Торус успеа да го совлада тимот на Работнички со 89-87. Српскиот центар Немања Јелесиевиќ освари дабл-дабл учинок, составен од 20 поени и десет скокови, Бојан Трајковски го заврши натпреварот со 24 поени, веднаш зад него Костовски беше со 14 додека Димчевски имаше 12 поени. Кај домашните дури тројца играчи стигнаа до двоцифрен број на поени, Ефтим Богоев беше најефикасен со 26, Перо Блажевски со 22 и Тони Симиќ со 20 поени.
На гостувањето во Струмица, непријатно изненадени беа кошаркарите на МЗТ Скопје, који загубија со 75-72. Најзабележителен во дресот на АБА беше американецот Џон Чепел реализирајќи 18 поени, 12 скокови и неверојатни седум блокади за 37 минути игра, веднаш зад него со 17 беше Џеремаја Босвел додека Зоран Стојанов имаше 11 поени. Во таборот на “Металците“ со по 11 постигнати поени имаше четири кошаракари, Гоцевски, Величковиќ, Николовски и Зивчевиќ додека Грнчаров имаше 10 поени.
Шампионот Фени Индустри многу потешко од очекувањата стигна до триумф на гостувањето против Лирија, славејќи со 93-88. Најмногу поени на натпреварот постигна Војдан Стојановски, 33, додека Џарид Фрај запиша 20 поени. Во поразената екипа најзабележителен беше Карлос Морбан со 24 поени, додека Ѓорѓе Јовановиќ имаше дабл-дабл учинок составен од 16 поени и 20 скокови.
Наредно коло
Фени Индустри – АБА , Торус – Лирија, МЗТ Скопје – Работнички.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com