Македонскиот првак Вардар Про го претрпе вториот пораз во второто коло од ракометната лига на шампиони. Црвено  – црните на гостувањето против Адемар Леон, загубија со 37-28.


Ѓорѓевиќ со 10 погодоци беше најпрецизен во таборот на Вардар Про, а директен црвен картон заработи помошникот на Вујовиќ, Аце Станковски.

Во наредното трето коло в сабота во салата “Борис Трајковски” во Скопје, со почеток од 17:45 часот стартува натпреварот Вардар Про – Кил.

ohridnews