Составот на Тотенхем немаше резултатски добар старт на Новата 2020 година во Премиер лигата претрпувајќи минимимален пораз 1-0 (1-0) од Саутемптон на „Сент Мери“, додека Лестер го преброди поразот од Ливерпул во дерби средбата совладувајќи го Њукасл со 2-0 на „Сент Џејмс Парк“.
„Светците“, на дело ја потврдија нагорната линија во формата победувајќи го Тотенхем. Погодокот вреден три бодови за домашните фудбалери го постигна Дени Ингс. Вториот стрелец во Премиер лигата вешто се ослободи од Тоби Алдевидер и ја смести топката во противничката мрежа.
„Лисиците“, за три минути го решија Њукасл. Во 36-та минута Ајонес Перез погоди за 1-0, а во 39-та минута Џејмс Медисон зголеми на 2-0. Во финишот, конечните 3-0 ги постави Хамза Чундри.
Претходно, во мечевите од 13:30 часот Брајтон ремизирираше со Челси 1-1, а Астон Вила со 2-1 го совлада Барнли.
OhridNews