Ракометарите на Охрид го претрпеа четвртиот пораз во плејофот од Супер лигата, откако изгубија на гостувањето кај Вардар во Скопје со 37-29 (23-12).

Триумфот на „вардарци“ е очекуван и заслужен, но охридските „гладијаторите“ покажаа квалитет и карактер за пристоен пораз. Вардар стигна до деветтиот триумф во исто толку одиграни мечеви, што го доближи уште чекор поблиску до титулата.

Овој пораз за Охрид не значи ништо, бидејќи во следните четири рунди ќе се крои судбината за изгледот од третото до шестото место на табелата.

Во следната рунда, охриѓани, на домашен терен го пречекуваат скопски Пролет.

OhridNews