Фудбалерите на Охрид претпреа минимален пораз 0-1 (0-1) од составот на Кораб во тест средбата која двете екипи ја одиграа на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“.
Охриѓани ја имаа иницијативата на теренот и неколку прилики за водечки погодок, но не успеаја да ги реализират. Казната стигна на спротивната страна. Гостите пресекоа топката на средината и теренот и после маестрален контра напад ја погоди мрежата на Охрид.
Во вториот дел двата стратези менуваа, но темпото на игра остана. Охрид ја чуваше топката во свој посед, но Кораб со организирана игра го задржа минималното водство и забележа победа во контролниот период.
За составот на Охрид ова беше втор пораз во тест средбите. Охрид изгуби од Мачва Шабац од Србија, победи против Караорман 3-1 и ремизираше со косовски Кек 4-4.
Дуелот Охрид – Кораб означи почеток на мини фудбалскиот маратон во нашиот град. Утре (недела) силите во Охрид ќе ги одмерат Струга Трим Лум – Пелистер, додека во понеделник ќе се сретнат Лабуништа – Победа.
OhridNews