Климент Охридски – Младост 20 : 46 (9:25)
Ништо повеќе од убедлив пораз и не се очекуваше од “Климент Охридски“ кој со младинскиот тим ќе ги продолжи настапите во машката Супер лига. Охриѓани во пролетниот дел на првенство ќе се потпрат на домашни сили, а во тимот го нема тренер-играчот Горан Андоновски .
Екипата на Младост си направи една прошетка до Охрид, одржа еден тест натпревар за кој се говори крајниот резултат. Гостите доминирааа од самиот почеток и прашање беше само колку ќе биде крајната разлика.Топката застана на + 26 за гостите. За одбележувње уште од мечот беа 13 гола на Караиванов.
Ракометот преживеаа во Охрид, но до кога?
Во предигра на натпреварот младинците на Охрид со 22 :11, ги совладаа своите врсници од Богданци.
ФК Охрид – Ренова 1:3
Фудбалерите на Охрид во контролерен натпревар на Билјанини извори загубија од прволигашот Ренова од Џепчиште со 3:1. Ова бече една од последните проверки на “белите“ пред продолжувањето на првенството во Третата лига, во која Охрид е убедливо прв на табелата.
КК Астибо – КК АМАК – 59:93
Кошаркарите на Амак во првото коло од Првата Б лига забележаа победа на гости над Астибо од 93:59. Охриѓани со победата само потврдија дека се најсериозен кандидат за опстанок во елитното друштво.
М. Постолоски
Г. Момироски