Петти негативен резултат во низа за охридските бели кои со 3-2 беа поразени во Кавадарци каде како домаќини играа против 11 Октомври.


Прилепчани по полувремето поведоа со 2-0, а на стартот на вториот дел го зголемија водството на високи 3-0. Охриѓани поразот го ублажија со головите на Шенол Меди и Зоран Лолески. Во финишот на мечот притиснаа но не успеаа да го избегнат поразот.
“Рибарите“ остануваат при дното на табелата, и од натпревар во натпревар се се поблиску до третаа лига. На шест кола до крајот заостануваат седум бода зад Цементарница, која во ова коло беше поразена од Скопје со 2-0.

М.П.