Охридските ракометари на гостувањето во Битола го претрпеа третиот пораз во плејоф мечевите, откако во шестата рунда изгубија од Еурофарм Работник со 28-22 (11-10).


„Фармацевтите“ со трите освоени бодови се изедначија на втората позиција на табелата со „гладијаторите“ и „црвено црните“ кои имаат два натпревари помалку.

Првиот дел од натпреварот во спортската сала „Младост“ помина во благо водство на домаќините кои на одмор заминаа со плус еден (11-10).


Минималната предност на семафорот се одржуваше до 44-та минута, кога домаќините со 2-0 серија стигнаа до плус три (17-14).

До 53-та минута домаќините постепено го зголемуваа водството и остварија недостижна предност од шест голови (23-17) за охриѓани кои не беа на нивото од претходниот меч со Пелистер кој го добија во Битола.


Во седмата рунда „гладијаторите“ гостуваат во Велес кај последнопласираниот Борец на табелата во плејофот.

Фото: Гол.мк
OhridNews