Охридскиот кошаркарски клуб дебитанската сезона во второлигашкото друштво ја започна со пораз, откако изгуби со 77-69 (21-17, 19-18, 20-15, 17-19) на гостувањето кај Ринија од Куманово.
Домаќините добија три од четирите четвртини и ја осигураа победата. „Галебите“ во своја корист го решија последниот квартал, но не доволно за позитивен резултат.
Шанса за прва победа и бодови во Втората лига, охриѓани ќе имаат следниот викенд на домашен терен против битолска Хереклеа.
OhridNews