Екипата на Охрид на четвртата позиција го заврши дебитанското учество на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“, откако во малото финале претрпе пораз од Металург 33-28 (15-15).

Двете екипи на теренот пред „Женска плажа“ одиграа прав првенствен натпревар и ги задоволија сите критериуми на публиката.

Победникот на натпреварот за трето место се одлучи во последните минути. Металург беше поснаодлив и ги искористи шансите, наспроти Охрид, кој немаше одговор за агресивната одбрана на Металург.

Во големото финале на 45-то издание на турнирот во Струга славеше тимот на Шартр победувајќи го Бешикташ со 29-26, додека во дуелот со петтата позиција Алингсас го победи Струга со убедливи 46-18.

Наградата за најдобар голман замина во рацете на Благојче Трајкоски, Андрес Ходман од Алингсас заврши прв меѓу стрелците, а за најкорисен играч прогласен беше Един Башиќ од Шартр.

Фото: Гол.мк
OhridNews