Комбинираниот состав на македонската кошаркарска репрезентција претрпе пораз од Кина 80-60 во пријателскиот натпревар кој се одигра на далечниот исток.

Селекцијата предводена од помошникот на селекторот Алеш Пипан, Марјан Србиноски е на турнеја во Кина каде ќе ги прават првичните подготовки за престојното Европско првенство во Словенија.

Од „реалниот“ состав против расположени кинези настапија само браќата Дамјан и Војдан Стојановски додека останатите кошаркари допрва ќе треба да се борат за место во националниот состав.

Кошаркарската експедиција на последниот ден од турнирот ќе се сретне со Исланд по што во вторник се враќа во Македонија каде ќе ги продолжи подготовките за евробаскетот.

Мх.П.