Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз на отварањето на Европското ракометно првенство чиј домаќин е нашата земја.

Во извонредна атносвера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, избраничките на селекторот Глигоров загубија од поквалитетната репрезентација на Германија со 25:22 (11:10). Македонската репрезентација пружи добар отпор но искусните германки умешно го искористија својот квалитет и со тактички зрела игра во последните 20 минути од мечот стигнаа до победата.


Македонија својата шанса за пласман во втората фаза од шампионатот ќе ја бара во натпреварите со Хрватска и Србија.

Првото коло од европското првенство беше заокружено со натпреварот во Охрид помеѓу репрезентациите на Русија и Австрија кој „зборнајата“ убедливо го доби со 31:22.