Женската ракометна репрезентација со пораз од Франција 29-16 (15-10) го започна Европското првенство во Србија.

Избраничките на селекторот Гино Стрезовски добро го започнаа мечот и се додека имаа сила им парираа на “триколорките“. Посериозна предност французинките направија во 20-та минута од натпревар која ја чуваа до крајот на првиот дел (15-10).

Вториот дел репрезентацијата на Македонија го одигра делаку под своите можности постигнувајќи само шест погодоци. Селекцијата на Франција немилосрдно ги казнуваше нашите 24 технички грешки и стигнаа до убедлива победа 29-16.

Лесно можеше да се случи поразот од Франција да биде најголем во нашата историја ако на голот не беше расположената Дијана Наумоска која имаше десет успешни интервенции. Најпрецизна во македонскиот состав беше Јулија Николиќ со шест погодоци додека со девет голови од десет упатени удари најефикасна на мечот беше французинката Баудоин.

Наредниот натпревар македонска селекцијата го игра в четрток во 18:15 часот со репрезентација на Шведска.

Мх.П.