Македонската кошаркарска претпре пораз од Русија со 80-61 во пријателската средба која како дел од подготовките за настап на предолимпискиот турнир се одигра во Каунас, Литванија.
Селекторот Лазовски не можеше да смета на “покер“ кошаркари кои го пропуштија мечот. (Антиќ, Гечевски, Илиевски и Мекејлеб), а подмладениот состав одигра одлично прво полувреме, кое против комплетната Русија го заврши со предност.
Чековски, Самарџиски, Николовски, но и пониските играчи добро соработуваа во одбраната, а прифатија и доста скокови во дуелите со далеку повисоките противници. Маркиз Грин, заедно со браќата Стојановски беа носители на играта однадвор и Македонија на полувремето водеше со 35-30.
Рано во второто полувреме, Маркиз Грин поради повреда мораше да го напушти теренот, а Русија почна да игра многу поагресивно, погоди и доста шутови од далечина и предводена од Кириленко и Каун, направи пресврт за конечен триумф од 80-61.
Браќата Стојановски, заедно со Предраг Самарџиски и Кирил Николовски, според индивидуалниот ефект беа меѓу подобрите во нашиот состав на овој меч со Русија. Нашата репрезентација во сабота ја очекува уште една подготвителна средба во Литванија, овојпат во Клаипеда против домашната селекција.
Дамјан Стојановски со 22 и Предраг Самрџиски со 13 поени беа најефикасни играчи во македонската репрезентација.
“макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com