Женската фудбалска репрезентација и во вториот контролен натпревар со Албанија претрпе пораз. Избраничките на селекторот Кирил Изов изгубија 3-1 (2-0) во мечот кој се одигра во Охрид.
Албанските репрезентативки по само три минути игра го отворија резултатот. Највисока во скокот после нафрлувањето од корнер беше капитенот Арбиона Бајрактари која биеше прецизно.
Водечкиот погодок на гостите не внесе немир во нашата селекција, туку мотив повеќе за игра. Констатните напади вродија со плод на средината од првото полувреме кога Гетјана Рочи беше соборена во казнетиот простор и изнуди пенал. Во изедначувачки погодок ударот од белата точка не го искористи Наташа Андонова која изведе лош пенал.
Казната за неискористената прилика стигна во финишот од првото полувреме. Чендреса Красничи одлично прими топка во срцето од шеснасеттикот и со одмерен втор пат го матираше македонскиот голман.
Во второто полувреме офанзвината игра продолжи на двете страни. Македонската репрезентација креираше шанси но недостасуваше реализација наспроти Албанија која од корнер зголеми на 3-0. Стрелец на погодокот беше Албани Рахмани. До крајот на мечот нашата селекција успеа да постигне погодок преку Рочи која не погреши од белата точка.
После поразите од Албанија продолжува серијата без победа на Македонија а излез од резултатска криза ќе се бара во следните тест средби.
Мх.П.