Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за Евробаскетот 2021 година, откако изгуби со 77-67 од руската селекција во дуелот кој се одигра во Перм.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров, три четвртини им парираа на руските кошаркари кои дури во четвртиот период успеаја да го скршат нашиот отпор и да победата.

„Црвено жолтите“ го добија првиот квартал со минимални (20-19) и наговестија дека во Русија не отпатуваа со бело знаме. Домашната селекција во вториот период го сврте резултатот во своја полза, но не се одлепи многу, само два поени разлика (38-36).

Третиот период повторно им припадна на русите кои разликата од два поени ја зголеми на четири во пресрет на последната четвртина. Во решавачките десет минути, руските кошаркари комплетно го разоружаа македонскиот состав кој немаше конкретен одговор за добрата игра во одбрана. Русија забележа триумф изразен со десет голови разлика (77-67).

Витали Фризон со 23 поени беше најефикасен во составот на Русија, а во нашата селекција се истакнаа Андреј Магдевски и Шејн Витингтон со 14 поени.

Квалфикациите за Евробаскетот ќе продолжат во ноември месец.

OhridNews