Македонската ракометна репрезентација со пораз од Аргентина 23-20 (9-13)го започна Мундијалот во кадетска конкуренција кој се одржува во Скопје.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац имаа добар почеток на натпреварот, но затаија во финишот а Аргентина ја искористи приликата и ја зграпчи победата. „Црвено жолтите“ на полувремето имаа предност од четири голови (13-9), но во вториот дел постигнаа седум што беше премалку за позитивен исход.
Најдобар во македонската селекција беше Ненад Костески со шест голови од шест постигнати голови, а Мартин Серафимов застана на четири погодоци.
Шанса за поправен, ракометарите на Македонија, ќе имаат в четврток против соодветната селекција на Нигерија.
OhridNews
Фото: Гол.мк