Надежите на ГРК Охрид претрпеа пораз во четвртфиналето од кадетското првенство од Мулти Есенс 28:23, полувреме 9:12.

Во првото полувреме во голем дел се играше израмнето. Гостите од Скопје во еден момент успеаја да се одлепат, благодарение на техничките грешки на Охрид кои им овозможија брза транзиција. На полувреме Мулти Есенс замина со +3.

Охрид со гол го започна второто полувреме, но долго време потоа не можеше да го пронајде патот до мрежата на гостите. Мулти Есенс во тие моменти направи осетна разлика, која и покрај сите напори, кадетите на Охрид не успеаја да ја стигнат.

Со оваа победа, Мулти Есенс, подмладок на РК Алкалоид, обезбеди пласман на завршниот турнир кој ќе го даде победникот во кадетското првенството.

ГРК Охрид: Матеј Крстески, Петар Николоски 1, Никола Стефаноски 10, Дамјан Недески 6, Лука Лнгоски 3, Илија Трајчески, Стефан Матески 1, Бојан Ѓоршески, Сашо Петрески, Матеј Крстески, Климент Николоски, Лука Котлар, Матео Силјаноски, Јулијан Матески 2, Петар Неданоски, Христијан Пупанцоски.

РК Мулти Есенс: Дамјан Стојковски, Иван Ѓурчиев, Максим Гарбевски 2, Даријан Ѓоќески 1, Теодор Пецаноски, Јаков Трајковски 2, Тома Серафимоски Борозан 1, Григор Трајковски, Марин Крстевски 12, Стефан Јорданов, Давид Јаневски, Виктор Панчевски 3, Владо Ристевски, Марко Павлов, Христијан Ѓурмешевиќ 7, Кирил Гошевски.

Г. М.
Фото: А. Момироска