Ракометарите на Охрид го загубија првиот натпревар во 2022 година. На гостувањето во Битола, вечерва, Еурофарм Пелистер во рамки на 17 коло од Супер лигата славеше над Охрид 34 – 25 (16-14).

Во недела на домашен терен охриѓани ќе ја пречекаат екипата на Бутел од Скопје, во можеби клучниот натпревар за пласман во плејофот.

Се мобилизира и навивачката група „Рибари“, чија поддршка ќе биде неопходна во дуелот со директниот конкурент за разигрувањето.

OhridNews