Ракометарите на Охрид синоќа загубија од Алкалоид 29:26 во последното коло од регуларниот дел на сезоната во Супер лигата. Двете екипи неоптоварени од крајниот исход одиграа интересен меч во кој ефикасна вечер имаше бекот на Охрид Орјоникидзе кој постигна 9 гола до 40 минута кога мораше да го напушти теренот поради повреда.

Пелистер како првопласиран ќе пренесе 3 бода во плеј-офот, Алкалоид и Вардар по 2, а Охрид 1 бод.

Ждрепката за плеј-офот ќе се одржи денеска.

Г.М.