ГРК Охрид сезоната 2022/23 во ракометната Супер лига ја заврши на шестата позиција, откако во последното коло од плеј-офот, попладнево, загуби на гости од Бутел 24:17, полувреме 12:09.

Охрид добро го отвори мечот. Поведе 1:3, па 2:4. По тајмаутот домаќинот се консолидираше и во 16 минута израмни на 7:7, а веднаш потоа го презеде водството, кое не го испушти до крајот.

Нов шампион е Еурофарм Пелистер, Вардар го освои второто место, Алкалоид третото, а Тиквеш четвртото. Бутел е петти, Охрид шести, Е. Пелистер 2 седми, а Пролет осми.

Г.М.