Кошаркарите на Охрид поразени се во натпреварот со Чаир 98:74, што се одигра синоќа во Скопје во рамки на последното коло од регуларниот дел на првенството.

Првата четвртина чаирчани ја добија 29:25, а во втората ја направија и клучната предност добивајќи ја со 23:11, третата заврши 25:20, а домаќинот ја доби и четвртатата 21:18. Најефикасен кај Охрид беше Димитриевски со 18 поени.

По 22 кола Охрид, кој се бори за опстанок, заврши на 10 место со 27 бода, бод повеќе од ФМП Академија (26), односно 3 од Вардар (24).

Место во плеј-оф обезбедија: Работнички (1), МЗТ (2), Пелистер (3), Чаир (4), ТФТ Скопје (5), Еуроникел (6), Феникс (7), Гостивар (8). Во разигрувањето за опстанок ќе играат: Кожуф (9), Охрид (10), ФМП Академија (11) и Вардар (12).

OhridNews