Кошаркарите на Црвена Ѕвезда со пораз ја започнаа новата сезона во Евролигата. На стартот, „црвено белите“ изгубија од грчки Панатинаикос кој славеше пред своите гледачи со 87-82.

Шампионот од АБА лигата, добро го отвори мечот и поведе после 10 минути игра со 17-14. Во вториот квартал, „детелините“ ја надополнија негативата и стекна предност од два поени.

Во третиот период, домашните кошаркари се разиграа а Црвена Ѕвезда немаше соодветен одговор и имаше двоцифрена негатива на семафорот. Во завршниот квартал, српскиот состав ја доби доволно резултатски да ублажи поразот.

Со 21 поен најпрецизен во составот на Панатинаикос беше Ник Калатес, а кај гостите најефикасен заврши Џејмс Гист со 22 кошеви.

Резултати:

Химки – Макаби Тел Авив 89-83

Панатинаикос – Црвена Ѕвезда 87-82

Баерн Минхен – Армани Милано

Реал Мадрид – Фенербахче

OhridNews