Кошаркарите на АМАК СП се поразени во дерби натпреварот од продолжението на првенството во Првата лига. Тие вечерва дома загубија од актуелниот шампион Фени со 85:78.

Гостите неочекувано лесно го совлада охридскиот лигаш нанесувајќи му го првиот пораз оваа година на домашен терен. Инаку, ова е втора победа сезонава на Фени во дуелите со АМАК.

Победникот на натпреварот беше одлучен во второто полувреме во кое гостите знаеа да да ги казнат сите грешки на домашните, кои ги имаше многу. Нападите на АМАК  беа брзоплети а одбраната недоволно концентрирана, што беше доволно за славје на шампионот на жешкиот терен во спортската арена „Билјанини извори“.

Мирко Постоловски