Еден пораз и едно реми за македонските ракометари на гостувањето во Романија.Селекторот Савески за овај двомеч на сметаше на интернеционалците, а во македоснскиот состав не беа ниту најдобрите ракометари во домашнот првенство бекот Мојсоски и голманите Ристовски и Ангелов.


Во првиот натпревар Романците беа поуспешни со 27-25, додека вториот заврши 27-27 . Македонија ќе одигра уште два меча со Романија дома кои ќе бидат генерална контрола пред јануарските мундијалски квалификации во Адана, каде што покрај Турција, противник ќе ни биде уште и репрезентацијата на Литванија.

М.П.