Македонската ракометна репрезентација го претрпе третиот пораз на натпреварите во главната рунда на мундијалот. По Норвешка, Данска и Србија ја совлада Македонија со 32-28 (15-16)

Македонија играше само во првите дваесет минути кога имавме плус 6. Потоа следуваше необјаснив пад во играта кој не чинеше пораз.


Катастрофално лошо го одигравме второто полувреме во кое не бевме стрпеливи, овозможувајќи им лесни голови на нашите противници. Одбранaта која на минатите натпревари беше на високо ниво потфрли , откако примивме 8 гола со играч повеќе.

Македонија по овај пораз остана на последната позиција во втората група.

М.П.