Македонската кошаркаска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот натпервар на Евробаскетот во Охрид. “црвено – жолтите“ одигра далеку подобро по тешкиот пораз од Холандија но немаа сили да ја изненадат Романија.


Подобрата игра на романките во првото полувреме и предноста која ја остварија во тој дел се покажаа доволни за победата 93-76 над домаќинот, кој дефинитивно ги загуби шансите за пласман во 1/4 финалето.

Тантуровска со 23 поени беше најпрецизна на теренот, кај гостинките Поп постигна 22, Тарта 22 додека Павел 20 поени.

Македонија во последниот натпревар ќе игра против Словачка.

ohridnews