Македонската фудбалска репрезентација за фудаблери под 19 години го дожива и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Шпанија.

Поуспешни од избраниците на Југослав Тренчески беа врсниците од Португалија победувајќи со 3-0.

Серијата ја отвори Оливеира во 13 минута, додека Фреитас во 51 и Каетано во 56 ги финишираа нашите надежи.

Во останатиот натпревар домаќинот Шпанија го совлада Велс со 1-0. Во последното трето коло Македонија игра против Велс.

М.П.