Македонската фудбалска репрезентација претпре уште еден пораз во четири дена и квалификациите за СП 2010 г во ЈАР ги заврши на четврото место во групата.


Норвежаните поведеоа во првиот напад на натпреварот, откако несмасно интервенираше комплетната одбрана на чело со голманот Пачовски. Подарокот во гол го претвори Хелмштад.  Анемичната и бездушна игра на македонските репрезентативци домаќините ја казнија  во 25 минута. Рисе изведе слободен удар повторно киксираше Пачовски кој лошо го постави живиот зид и уште полошо интервенираше по ударот кој заврши зад неговиот грб во нашата мрежа.

Избраниците на Јонуз од летаргијата се разбудија по серијата измени во вториот дел. Играта живна со влегувањето на Ибраими, Алими и Иваноски, а по центаршутот на Ибраими, Грначров најдобро се снајде во противничкиот 16 – ик и го намали резултатот на 2-1.

Нашите притиснаа во финишот на мечот а најубавата прилика ја имаше Иваноски но биеше во голманот.

Со триумфот над Македонија, Норвешка квалификациите ги заврши на второtро место, а дали тоа ќе биде доволно за бараж ќе мора да го почекаат исходот од остантите групи.

М.П.