Нема крај на кризата во охридскиот прволигаш. Амак СП го претпре четвртиот пораз во серија откако во салата Јане Сандански беше совладан од МЗТ Скопје со 77-70 (22-18, 17-29, 17-21, 21-11)

Концентираната игра во последниот период им ја осигура победата на штрковите кои успеаа да се израмнат на 2-2 во меѓусебните дуели со охриѓани.

Перо Блажески со 21 поен го предводеше квинтетот домашни играчи кои мечот го завршија со двоцифрен број на поени. Радончиќ постигна 13, Аврамоски 14 а Соколов 10.

Кај охриѓани најпрецизен беше Фрај со 17, додека Војдан Стојаноски натпреварот го заврши со 13 поени.

Во наредното деветто коло Амак СП во „Билјанини Извори “ го пречекува шампионот Фени Индустри.

М.П.