Македонија имаше предност во три од четирите периоди игра, но во последниот одлучувачкиот “црвено- жолтите“ немаа сили да ја зачуваат предноста стекната во првите 30 минути.
Најпрецизен во бугарскиот тим беше Ерл Каловеј со 22 поени додека Дејан Иван уфрли 18. За Македонија најмногу поени 17 постигна капитенот Антиќ, додека Соколов застана на котата 16.
Македонија првата победа на турнирот ќе ја брка утре против репрезентација на Полска, која вечерва беше поразена од Италија со 88-76.