Македонската женска кошаркарска репрезентација го претпре и вториот пораз на Б-континеталниот самит во Охрид.  Во соседската пресметка поуспешни од “црвено-жолтите“ беше селекцијата на Бугарија која славеше со 66-54.


Слабата игра во првиот дел кога примивме дури 35 коша, а постигнавме само 16 беа одлучувачки во поразот.

Единствената македонска кошаркарка со двоцифрен број на погодоци беше Василевска 10, додека кај гостите Кочева уфрли 23, а Шаренкапова придодаде 13.

Денес е слободен ден на шампионатот, а Македонија во третата рунда игра против фаворитот за освојување на првото место , селкцијата на Шведкса.

Ohridnews