Порастот на нивото на морето поради глобалното затоплување би можело да апсорбира до 40% од подземните води за пиење, вели истражувањето на хидролозите.
Повеќето сегашни истражувања за последиците од глобалното затоплување се однесуваат на површината од копното што ќе биде потопена поради порастот на нивото на морињата.
Но истражувачите од од државниот Универзитет во Охајо откриле дека во многу крајбрежни подрачја морската вода може да се измеша со слатките подземни води и да ги направи непогодни за пиење. Како што тврдат стручњаците степенот на онечистување зависи од составот на крајбрежјето. Така на пример на песочните делови водите полесно се мешаат отколку на карпестите.
Ј.М.