Во Охрид, според податоците од Управата за водење матични книги во второто тримесечје од 2021 година се родени 175 бебиња при што се бележи тренд на пораст на наталитетот во однос на 2020 година кога се родени 103 бебиња во Охрид.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината на ниво на цела држава  е зголемен за 140,8 отсто.Тренд на пораст се бележи и кај склучени бракови во Охрид. Во 2021 година биле склучени 86 бракови, додека во 2020 година во истиот период судбоносно „Да“ кажале 38 двојки.

 

 

Во второто тримесечје од 2021 година во државава се родиле 4 604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период минатата година. Бројот на починати лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7 496 лица, Од починатите, 13 биле доенчиња. Според Државниот завод за статистика, природниот прираст во државава  е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите лица.

 

K.A.