Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2019 година изнесува 689 425 милиони денари и во однос на 2018 година номинално е зголемен за 4.3 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2019, во однос на 2018 година, изнесува 3.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2019 година имаат секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20.3 %), информира Статистика.

Финалната потрошувачка во 2019 година, во однос на 2018 година, номинално расте за 3.7 %, а во структурата на БДП учествува со 79.7 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2019 година изнесувал 62.3 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2019 година изнесува 146 078 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.5 %, машините и опремата со 32.8 %, а останатите инвестиции со 9.7 %.

OhridNews