Пензионерката Уна Рајт го има едно од најголемите семејства на светот кое брои 118 членови. Сопругот Виктор починал пред 22 години, но Уна покрај такво семејство продолжила да живее со полна пареа. Немала ниту браќа ниту сестри, но родила 12 деца.


Баба станала 51 пат, прабаба 54 пати и два пати чукунбаба. Нејзиниот најмлад син Џон има 39 години, а најстарата ќерка 61 година. Бројното семејство е тешко да се собере на едно место, но успеале да се најдат минатата година на прославата на роденденот на Уна. До крајот на годинава семејството треба да добие уште три члена.