Поранешното раководство на Обединети за Македонија-Охрид, денес, изрази целосна поддршка на кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов-Нанче на претстојните локални избори.

Како што истакна Владимир Каневчев, поранешен претседател на Обединети за Македонија во Охрид, за одлуката придонеле низа фактори, пред се гледајќи на глобално ниво за Охрид.

  • И Георгиески од СДСМ и Милошески од ДПМНЕ се пред се врвни лекари, кои верувам со љубов си ја работат својата работа и се спремни секогаш да помогнат секому, не затоа што дале Хипократова заклетва, туку затоа што пред се се хумани луѓе, па затоа и на двајцата искрено им посакувам многу успех во својата лекарска кариера и да останат запаметени како такви. На Охрид доста му беше не само од лекари за градоначалници, на Охрид доста му беше и од партиски послушници од двете најголеми партии, кои фунцијата градоначалник не дека не знаат да ја вршат. Не можат да ја вршат совесно, затоа што мора да бидат неми извршители на ситнопартиските интереси. Затоа на Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек, рече Каневчев.

Кандидатот за градоначалник Трендафилов-Нанче ја поздрави поддршката од, како што рече, оние кои веруваа во големата идеја на Обединети за Македонија и се уште веруваат во обединување, но кое го гледаат преку ГДУ.

  • Ова се мали чекори за нас но големи за Македонија. Во овие моменти на тотална расцепканост во општеството, дебела поларизација, наша цел е обединување и здружување на сите прогресивни сили, без разлика на партиската определеност. На Македонија и е потребна Унија. Охрид е на пат да му се случи Кичево и Струга од 2004 година. Двете партии СДСМ и ДПМНЕ единствени се само по тоа прашање. Распродаваат без усул! И да повторам, на Охрид, Македонија му треба обединување како воздух, вода и слобода, рече Трендафилов Нанче.

OhridNews