Габриел Обри со Хали Бери прекинал минатата година. Манекенот минатиот месец на судот во Лос Анџелес побарал да му се додели старателство и службено да се признае дека Нала е негова ќерка. Со Хали Бери бил во врска пет години.


Неговите пријатели по прекинувањето со Хали рекле дека парот прекинал бидејќи Габриел забележал дека нивниот однос повеќе не функционира. Иако најпрво не ја забележувале разликата во годините, со тек на време таа почнала да се чувствува. На Габриел почнале да го привлекуваат други помлади жени и сватил дека нема смисла да остане во врска под такви услови.