Манекенот Габриел Обри бара 15 илјади евра месечно како алиментација од од својата поранешна девојка Хали Бери, со која ја има ќерката Нала. Тој барал толку пари на суд како би можел да изнајми убава куќа во која би ја водел својата ќерка за викенд и како би можел да му купува на девојчето скапи предмети на какви што навикнала.

Популарната актерка Хали Бери многу се налутила после ваквото барање на Габриел. Познато е дека нејзините адвокати сеуште водат правна битка околу старателството над ќерката.