Пораншешното момче на Ејми Вајнхаус, Рег Тревис, било обвинет за силување од една познаничка. Таа тврди дека момчето ја силувало во јануари, па Рег ќе мора да се појави на сослушување во Јули. Тој преспал во притвор откако полицијата го уапсила под сомнение дека ја силувал својата познаничка. Бил обвинет од неименувана девојка, со која како што рекол, понекогаш излегувал.
Негови близок пријател рекол дека бил скршен и не можел да поверува дека му направила нешто такво. Тврдел дека е невин и рекол дека обвиненијата против него се лажни. Инаку, Рег и Ејми многу се сакале, а по смртта на пејачката Тревис тврдел дека Ејми била неговата најголема љубов. Тој дури и планирал да се ожени со славната пејачка, но нејзината смрт го спречила во намерата.