Адвокатот на поранешното момче на Шакира, Антонио де ла Руа, рекол дека неговиот клиент бил принуден да ја тужи пејачката и да бара да му исплати 100 милиони долари како компензација за тоа што и бил менаџер. Нејзиниот поранешен менаџер и момче ја тужел пејачката бидејќи престанала да му уплаќа дел од своите приходи откако раскинале.
Адвокатот Вилијам Рид истакнал дека Антонио се обидел да разговара со Шакира околку тоа што тој поседува и што заработил, но дека колумбиската пејачка одбила да разговара. Рид додал дека неговиот клинет не сакал да дојде до тужба. Де ла Руа е син на поранешниот претседател на Аргентина Фернандо де ла Руа. Тој се забавувал со Шакира повеќе од десет години, а се разделиле минатата година.