Поранешниот судија Морено уапсен со шест килограми хероин
22.09.10 12:04
На аеродромот „ЏФК“ во Њујорк, со шест килограми хероин е уапсен еквадорскиот фудбалски судија, Бајрон Морено.
Морено во Њујорк допатувал со редовна линија од Еквадор, хероинот кој во десет пластични вреќички му бил врзан околу телото, му бил откриен при рутинска царинска контрола.
Бајрон Морено како судија стана познат по осминафиналниот меч на СП во 2002 година, кога со скандалозно судење во четвртфиналето ја турна Јужна Кореја, а Италија ја испрати дома. На тој натпревар, Морено на Италија и поништи два гола, а Франческо Тоти поради црвен картон пред време го заврши натпреварот.
По тој натпревар во Италија се повикуваше на линч, а дури имаше и закани за негова физичка ликвидација. На СП во 2002 година кое се одржа во Јапонија и Јужна Кореја, Морено го судеше и натпреварот САД-Португалија, кој заврши со резултат 3:2.
Една година по СП во 2002, Морено од Фудбалската федерација на Еквадор беше суспендиран на 20 натпревари, откако мечот помеѓу Барселона и ЛДУ Кито го продолжи за цели 11 минути.
Во судиското надополнување на времето ЛДУ Кито поразот од 2:3 го претвори во победа од 4:3. Веднаш по суспензијата Морено ја прекина судиската кариера.
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски пред камерите на Охридњуз ја отвара душата за новиот предизвик – IRONMAN, мотивот, целта и животните искушенија кои ги тестираат крајните граници на с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.