Поранешниот разузнaвач, Слободан Богоевски, вечервечер е приведен од страна на полицијата за издржување затворска казна, пренесоа медиумите.

За случајот „Агент“, Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, се осудени на две години затвор, а три години за финансиски малверзации доби адвокатот Васко Томановиќ.

Богоевски, поминаа осум месеци во притвор, а оттаму излезе минатата година, по донесувањето на првостепената пресуда. Богоевски и останатите осудени ја чекаат одлуката на Врховен суд, каде ја обжалија второстепената одлука.

 Обвинетите, покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари.

OhridNews

Извор:„Макфакс“