СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(47)-поранешен раководител во ЈП-Македонски Шуми, ПШС-Галичица-Охрид и Б.Н.(57)-шеф во истото шумско стопанство за сторени по две кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување”.

Во текот на 2005 година пријавените без да обезбедат средства за наплата на побарување и без да склучат договор за деловна соработка, издале наредби за испорака на поголема количина огревно дрво во износ од 763.398 денари на фирмата “Ина” ДООЕЛ, која била ангажирана да врши превоз за ПШС “Галичица”, по што дел од паричните средства биле платени со цесија и компензација, а останале за наплата уште 380.869 денари.

Во истиот период пријавените одобриле да се изврши испорака на огревно дрво во износ од 219.426 денари на Ј. М., без притоа да обезбедат гаранција за наплата, по што Ј.М., спротивно на законските прописи, наведените количини дрво ги препродал. Исто така, Ј.Ц. не поднел тужбено барање за наплата на побарувањата кон “Ина” и Ј.М., со што им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од вкупно 600.285 денари на штета на ШС”Галичица”.

“МВР“