Поранешниот претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и надворешниот соработник за спорт и негово унапредување, Даниел Димевски ќе биде под лупата на Антикорупциската комисија за изнајмувањето на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Врз основа на добиени сознанија, ДКСК одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на  надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски, кој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице ‘Турдолимпик’ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ ‘Кале’ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил Буџетот. – велат од Антирокупциската комисија, а пренесува „360 степени“.

Димевски под закуп на времетраење од 30 години покрај спортската сала ги зел паркингот, базените и фитнес центар кои мораат да бидат реновинари.

OhridNews