Поранешниот претседател на британската влада, Тони Блер, е фатен во воз без карта, но кондуктерот му простил и не му наплатил казна. Блер во понеделникот седнал во воз, возејќи се од центарот на Лондон према аеродромот Heathrow, кога дошол кондуктерот.

Поранешниот премиер се нашол во ситуација да нема карта но и параи за да ја купи. Исто така немал ни кредитна картичка. Кондуктерот на крај го пуштил да се вози без карта, изјавил портпаролот на Блер, додавајќи дека телохранителите се понудиле да ја платат картата наместо него.


Тони Блер (54), кој во јуни 2007 ја отстапи должноста на британски премиер, заработува милионски суми од предавања и советувања во различни банки. Останатите патници сметаат дека станува збор за протекција.

Спема него би требало да се постапува како и спрема секој друг граѓанин, рекол еден патник, додавајќи дека смета дека тоа не е фер и треба да му се достави сметка. Блеровиот портпарол застанал во одбрана на својот шеф: „Тој со задоволство би платил“.