Патрик Деуел од Небраска, САД до пред 5 години беше најдебелиот човек на светот, со маса од скоро половина тон. Седум години не станувал од кревет, и насобрал 489 килограми и од собата морале да го вадат пожарникари. Ги срушиле ѕидовите од куќата и го мереле на вага за говеда.
Соочен со смртта. Тој сепак се борел и со помош на вградената дијафрагма успеал да ослаби на 165 килограми. Во меѓувреме неговата сопруга го напуштила и тој почнал повторно да се дебели. Станал скоро неподвижен со 228 килограми. Минатиот месец сопругата му се вратила и сега со нејзина помош планира да држи диета и да вежба.