Поранешниот капитен на расформираниот охридски кошаркарски клуб Амак СП Ефтим Богоев е нов играч на КК МЗТ Скопје Аеродром потврди македонскиот кошаркарски првак на својата интернет страница.

Богоев кој игра на позицијата плејмејкр, во својата кариера има настапувано за Струмица, АМАК СП (Охрид), Фени Индустри, Овче Поле и Работнички.

Тој беше прогласен за МВП играч на куп турнирот во Охрид 2009 година, на кој триумфираше Амак СП откако во финалето го совлада Пелистер.

Неговото деби се очекува наредната недела, кога МЗТ во Белград ќе и гостува на Црвена Звезда.

ohridnews